За Ивана В. - 3pi MK | by Ivana Velickovik

3pi MK | by Ivana Velickovik

Рачна изработка на уникатна облека, накит и декорации. Бидете Уникатни!
0

Нема наслови

  • Испорака

    0ден
  • Вкупно

    0ден
Home > За Ивана В.

За Ивана В.

Ивана Величковиќ е родена на 2 октомври 1992 г. Во Скопје.  Заврши во Гимназија Јосип Броз Тито    (2008-2011) – Меѓународна Матура. По предметот Визуелна уметност (Visual Art) спреми изложба насловена “Стоп за Предрасудите” (Prejudice).  Во текот на школувањето и дружбата таа го доби прекарот 3 пи кое денес се состои во нејзиното заштитно име 3пи Позитив.

      По завршување на школувањето понесена од својата креативност и желба од млади години да биде Моден Креатор, спреми самостална ревија насловена  “Облеката како Медиум”  2011  г.  Инспирирана од спектарот на боите рачно ги декорира парчињата облека, каде ја претстави својата визија. За колекцијата која се состои од 27 креации искористи парчиња облека од својот плакар, марами и скрои неколку тренди креации. 

Бидејќи имаше многу идеи ги собра старите парчиња облека од плакарот на мајка и и баба и. Сметајќи дека од стара облека која не се носи може да се направи нешто ново и модерно. Екпериментирајќи,каде со сечење на оштетени делови и менување на расипани патенти, создаде 40 нови модерни креации. Креации преправени во нови, интересни и стилски парчиња. Колекцијата ја нарече Преобразба бидејќи облеката предходно била во друга форма. Имајќи на ум дека денешната младина не преферира да носи така наречени Second Hand- стара облека, смета дека ваквите парчиња облека никогаш не изумираат, бидејќи модата се враќа и трансформира низ времето.

Со желба да го усоврши своето знаење заврши курс за моден дизајн на универзитет Евро-Балкан 2012г. Мотивирана од новото искуство започна со реализација на својата прва колекција “Уникатен стил” (Unique Style).  Нејзината целна група на колекцијата е наменета за девојките кои го сакаат секојдневниот и спортски стил, зачинет со елегантност и уникатност. Колекцијата се состои од Уникатни комбилизони и фустани изработени од памучна трикотажа вклучувајќи апликации-геометриски фигури (игра на формите врз материјалите) поврзани со стар мотив – везови. Колекцијата ја украси со модни додатоци:  Уникатни ракавици во ист стил, украсени со везови, плетенки на нога како декорација  и обетки,  рачно изработени.

      Водена од  „Модата  е насекаде, само треба да ја видиш. Модата е во небото, на улицата, има врска со идеите, начинот на кој живееме, со она што ни се случува.“

Колекцијата ја подели во два дела. Првиот дел се состои од 20 комбилизони за кои избра јаки и доминантни комбинации на бои, но секаде е присутна црната боја која дава цврстина и елеганција на самите модели. Вториот дел се состои од 8 фустани кои со своите доминантни бои ја комплетираат цврстината, живоста и уникатноста на самата колекција.

 

После Дизајнирањето и изработката на колекцијата уникатен стил ,реши да создаде модни парчиња наменети за Младите девојки.

 Направи  Винтиџ стил кој инспириран од минатото, потсеќа на ретро стил испреплетен со модерен и современ дух. Додека ја креираше колекцијата која се состои од 23 парчиња ја имаше на ум силуетата на жената, сакајќи да се истакне сексипилот на жената.

Модерни и коктел фустани и сукњи покрај тоа што се премногу кратки и откриваат дел од нозете, не делуваат вулгарно но пред се ќе се чуствувате повеќе од удобно.

Бидејќи секој има различна замисла за својот стил направи кошули

со голи раменици, по кратки и долги ракави. Мотивирана од модата низ изминатите години, ги искомбинира кошулите со карнери , руски јаки

и најразлични видови на јаки, искомбинирани со плетени траки и помодернистички детали.

Бидејки нејзината целна група се младите девојќи одлучи да  користи комбинација на нежни проѕирни материјали‐  жоржет , чипка, плисе преку кои ќе може да се истакне сексипилот на жената. Како и материјали со различни дизајн.

За колекцијата користеше поедноставни бои, белата и црната како основни, кремаста и тегет , додека јаката портокалова ја смести како освежување  меѓу различните креации.

За оваа колекција избра фризура од класичниот стил- плетенка, која е во сооднос со креациите, и ја има низ историјата и е поим за елеганција и женственост.